За нас
За нас
Проф.др Весна Антовска е родена во 1960г во Скопје, каде го завршува основното и средното образование. Во 1978г се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје и истиот го завршува во 1983г со просек на студии 9,50. Во 1995г ги завршува Магистерските студии, а во 1998г ја одбранува својата Докторска дисертавија на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1985г се запослува на Универзитетската клиника по гинекологија и акушерство при Медицинскиот факултет во Скопје, каде работи и денес. Во 1993г ја завршува специјализацијата по гинекологија и акушерство, а во 2004 и супспецијализацијата по урогинекологија. Во 1992г е избрана за помлад асистент на Катедрата по гинекологија и акушерство при Медицинскиот факултет во Скопје, во 1995г за асистент, во 2000г за доцент, во 2005 за вонреден професор, а од 2009г па до денес е редовен професор на истата катедра. Од 2002г до денес е Раководител на Одделението за урогинекологија и промени на тазовата статика при Универзитетската болница за гинекологија и акушерство во Скопје. Има остварено повеќе едукативни престои во странство, како Словенија, Турција, Чешката република, Австрија и др. Има учествувано во 3 научно-истражувачки проекти, а е и автор на 4 лиценцирани патенти од областа на медицината. Учествувала како поканет предавач на повеќе конгреси, симпозиуми и тренинг оперативни курсеви во земјава и во странство. Наградена е со пофалница, диплома и медаља од Македонското лекарско друштво. Добитник е на Трета награда на Светскиот конгрес на жени иноватори во Сеул, Јужна Кореја во 2016г за својот патент за лекување на машка ќелавост и на Семи-гранд при наградата на Светскиот конгрес на жени иноватори во Сеул, Јужна Кореја во 2015г за својот патент за лекување на инфекцијата со Human papilloma вирус кај жената. Во два наврати, 2003 и 2007г е прогласена за жена на годината од Американскиот Биографски институт. Има публикувано над 100 in extenso научни трудови, од кои дваесеттина се со импакт фактор. Коавтор е на Учебникот за гинекологија за студенти по општа медицина и специјализанти и Учебникот за акушерство за студенти по општа медицина и специјализанти. Автор е на една монографија и 7 едукативни брошури.
Проф др Весна Антовска
Прим Др Милка Трајанова е родена 1956 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Медицински Факултет завршила во Скопје во 1982 година. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во Скопје во 1989 година. Со звањето примариус се стекнала во 1999 година.Во текот на својата професионална кариера публикувала многубројни трудови во реномирани списанија од областа на гинекологијата и акушерството .Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и плакета, диплома и медаља од Македонското лекарско друштво. Добитник е на Семи-гранд при награда на Светскиот конгрес иноватори во Сеул, Јужна Кореа во 2015г за патентот Лекување на инфекција со Human papilloma инфекцијата кај жената. Од Министерството за здравство на Република Македонија е одликувана со Диплома за успешно реализиран проект Превенција на прематуритетот- финансиран од Светската здравствена организација. Во текот на својата професионална кариера имала повеќе стручни престои во реномирани клиники во странство во Чешката република, во Словенија , во Бугарија, а и работен престој во болницата Генезис во Солун, Република Грција.Коавтор е на Учебникот за акушерство за студенти по општа медицина, специјализанти.